[…] македонското национално прашање во Егејскиот дел на Македонија (Август-средината на Октомври 1944 година)


 αναδημοσίευση από: NI-IMB


Александар Литовски [1]
Македонското Национално Ослободително Движење од Вардарскиот дел и македонското национално прашање во Егејскиот дел на Македонија (Август-средината на Октомври 1944 година)

===


Апстракт: Станува збор за активностите на македонските партизански движења од Вардарскиот и Егејскиот дел на Македонија во периодот пред дефинитивното повлекување на бугарските и германските окупациони трупи и нивните односи со грчкото народноослободително движење, односно за затегнатите меѓусебни односи кои на моменти се заканувале да прераснат во вооружен судир.
Се прави анализа на влијанието на овие грчко-македонски односи врз состојбата и тогашните перспективи на македонското националнопрашање.

[…]

РЕЗИМЕ
Во периодот што следувал по Првото заседание на АСНОМ македонското национално прашање предизвикувало проблеми меѓу македонското националноослободително движење од Егејскиот дел на Македони,раководството на штотуку конституираната македонска национална држава во состав на нова Југославија и од другата страна грчкото народноослободително движење во чиј состав биле македонските партизански единици. Раководството на македонското националноослободително движење од Вардарскиот дел на Македонија
било незадоволно од третманот на македонското национално прашање во Егејскиот дел на Македонија, а особено незадоволство предизвикувал ставот на КПГ да се формираат само две македонски единици во големина од баталјон. Од своја страна КПГ ги обвинувала раководителите на македонското националноослободително движење од Егејскиот дел на Македонија за водење на „разбивачка дејност“ кон Партијата и ЕАМ. Како резултат на општата лоша атмосфера, македонските баталјони од составот на ЕЛАС поминале во Вардарскиот дел на Македонија и се ставиле на располагање на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.
[…]

Библиографија
Британските воени мисии во Македонија-документи, 1942-1945, Скопје,2000.
Велика Британија и Македонија 1941-1945, документи, Скопје, 1998.
Државен Архив на Република Македонија, Подрачно оделение-Битола,Збирка: фотокопии од Архив Војноисториског института-Београд - бр.716.
Егејска Македонија во антифашистичката војна, 1 јануари-31 август 1944 година, Скопје, 1987, т. VII.
Егејска Македонија во НОБ 1944-1945, Скопје, 1971, т. I.
Ивановски Владо и други, Хронологија на настаните во Преспа, 1912-1944, Битола, 1995, 342.
Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945,Скопје, 1970, т. I, кн. 2.
Историјски архив Комунистичке партије Југославије, Београд, 1951, т.VII.
Кирјазовски Ристо, За акцијата на македонските баталјони во ЕЛАС -октомври 1944 година, ГИНИ XXXI/1, Скопје, 1987.
Кирјазовски Ристо, Леринско-костурскиот македонски баталјон, Историја XXI/1, Скопје, 1985.
КПГ и македонското национално прашање (1918-1974), Скопје, 1982.
Мамуровски Ташко, Воденскиот македонски баталјон на ЕЛАС, Гласникна ИНИ XXV/2-3, Скопје, 1981.
Мамуровски Ташко, Паскал Митревски и неговото време (1912-1978),Скопје 1992, 45.
Пејов Наум, Прилози за односот на раководителите на КПГ по македонското национално прашање, Скопје, 1953.
Раковски Павле, КПГ, ЕАМ, ЕЛАС и македонското народноослободително движење, Гласник на ИНИ, XXV/2-3, Скопје, 1982.
Раковски Павле, Формирање на баталјон на Кајмакчалан, в. „Комунист“,година XXIX, бр. 738, Скопје, 14 мај 1971.
Сарафис Стефанос, ЕЛАС, Атина 1946.

Ολόκληρο το άρθρο εδώ



[1] Доктор по историски науки Александар Литовски, кустос-советник во Н.У. Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола, ул. Клумент Охридски, бб., адреса на живеење Иван Милутуновиќ бр. 68/14 Битола, е-маил: acelito@freemail.com.mk .